среда, 12 март 2025
Легендата на Манчестер јуанјтед остана без милионска плата

Ратклиф откри како реагирал Фергусон на веста дека мора да биде тргнат од платен список: Му симнувам капа

Ко-сопственикот на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ратклиф откри како реагирал Сер Алекс Фергусон кога дознал дека мора да биде тргнат од платен список поради финансиските проблеми со кои се соочува клубот.

Објавено на

часот

Сподели

Сер Џим Ратклиф реши да крати трошоци па имаше бран на отпуштања, „клоца“ доби и легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој ја извршуваше функцијата глобален амбасадор.

Ко-сопственикот на „ѓаволите“ во разговор со Би-Би-Си сега открива како се одвивала дискусијата, и како реагирал легендарниот Шкот.

„Му симнувам капа на Сер Алекс Фергусон“ – вели Сер Џим Ратклиф.

„Седневме на разговор, само ние двајца, и му реков, „Види, клубот не е во позицијата која ти ја замислуваш. Трошиме многу повеќе отколку што заработуваме и ќе влеземе во проблеми. Искрено, не можеме повеќе да си дозволиме да ти плаќаме 2 милиони фунти годишно““.

„Му порачав, „Оставам на тебе, размисли и кажи ми“. Се однесуваше многу зрело, можеби беше нервозен на почетокот. Но сфати во каква ситуација е клубот, па после три дена се врати и ми кажа, „Во ред, се повлекувам, ова е мојата одлука““.

„Ова доволно говори што човек е Сер Алекс Фергусон, го стави клубот пред своите лични интереси“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ