среда, 11 декември 2024

Раст на цените на нафтата и профитот на Москва

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката укажува на единство во рамки на картелот ОПЕК+, и покрај притисокот на Вашингтон на заливските сојузници да ги попуштат врските со Москва, додека истовремено ги поткопува напорите на Западот да го ограничи рускиот приход од нафтата, пишува Ројтерс.

Како резултат на одлуката на членките на ОПЕК и нивните сојузници, вклучувајќи ја Русија, цената на нафтата вчера скокна за шест проценти. Саудиска Арабија соопшти дека намалувањето на производството е мерка на претпазливост со цел поддршка на пазарната стабилност. Рускиот вицепремиер Александар Новак кажа дека мешањето во пазарната динамика е една од причините за намалувањето. Меѓународната агенција за енергија соопшти дека намалувањето на производството ризикува да ја влоши ситуацијата на и онака напнатиот пазар и да предизвика дополнителен раст на цените на нафтата среде инфлациските притисоци.

„Новите кастрења на производството потврдуваат дека групата ОПЕК+ е нечепната и дека Русија и понатаму е нејзин интегрален и важен дел“, вели за Ројтерс аналитичарот Бјарне Шилдроп.

Повисоките цени веројатно ќе значат дополнителен профит за Москва за да ја финансира скапата војна во Украина и ќе ги влоши односите меѓу Саудиска Арабија и САД, вели Шилдроп. „Американската администрација може да тврди дека повисоките цени на нафтата ќе ги поткопаат нејзините напори да го изгаси инфлацискиот пожар“, додава тој.

Со поголемите цени и помалите залихи сирова нафта од Блискиот Исток, Кина и Индија би можеле да бидат принудени да купуваат повеќе руска нафта, што би ги зголемило приходите на Москва, кажа за Ројтерс индиски функционер кој сакал да остане анонимен.

Џон Кирби, портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност, кажа дека САД биле однапред известени за одлуката на групата ОПЕК+. На прашањето за извештаите дека намалувањето е поврзано со неуспехот на САД брзо да ги пополнат стратегиските резерви, Кирби кажа: „Не можам ниту да шпекулирам зошто оваа одлука е донесена“. Ваквите кастрења не се препорачливи, имајќи ја предвид пазарната неизвесност, кажа тој и додаде дека Вашингтон  тоа јасно му го дал до знаење на ОПЕК. Белата куќа е фокусирана на потрошувачите, а не на барелите и ќе продолжи да соработува со глобалните потрошувачи за да обезбеди пониски цени за потрошувачите, оцени Кирби.

Западот во повеќе наврати го критикуваше ОПЕК за манипулирање со цените и застанување на страната на Русија.

САД, истакнува Ројтерс, разгледуваат усвојување на закон познат како НОПЕК, кој би овозможил запленување на имотот на ОПЕК на американска територија во случај на докажано пазарно договарање.

ОПЕК+ ја критикуваше Меѓународната агенција за енергија (ИАЕ), во која САД се најголемиот донатор, поради ослободување на нафтените резерви минатата година, во потег за кој агенцијата тврдеше дека е неопходен за соборување на цените поради стравувањата дека санкциите ќе ги нарушат руските резерви.

Меѓутоа, предвидувањето на ИАЕ никогаш не се оствари, поради што извори од ОПЕК тврдеа дека одлуката е политички мотивирана за да му помогне на рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ