сабота, 19 октомври 2024

Распишан конкурс за директор на МКЦ

Град Скопје распиша конкурс за директор на јавната установа Младински културен центар.  Право на пријавување имаат сите државјани на Република Македонија кои ги исполнуваат законските услови за пријавување, опишани во Статутот на МКЦ.

Објавено на

часот

Сподели

„Покрај главните услови за пријавување кои мораат да бидат исполнети, како имање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик, 5 (пет) годишен работен стаж во областа на културата или 5 (пет) години работно искуство на работи или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за дело, кандидатите потребно е да поднесат и пријава со кратка биографија и програма за работа и развој на установата“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Повеќе информации за конкурсот може да се најдат на страните на социјалните мрежи на установата.

МКЦ ги поканува сите активни чинители во културата, индивидуалци со искуство во менаџмент на проекти од областа на културата, докажани познавања и вистински ентузијазам да се пријават.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ