„Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд“, прецизираат од Кривичниот суд.
Потребно е и понудениот имот како гаранција да се прибележи во Катастарот за недвижности.
Рашковски е во домашен притвор од јули кога првостепено беше осуден на 8 години затвор за злоупотреба на службената положба и за перење пари во судскиот предмет Софтвери. На судската пресуда тој имаше поднесено жалба за што Апелација уште нема донесено одлука.
Во истиот процес беа осудени уште шест лица, во кој Рашковски и уште тројца осудени треба да ја надоместат штетата верз буџетот во износ од околу 190 илјади евра.