сабота, 26 октомври 2024

Рашфорд доби висока казна од Манчестер јунајтед, ќе треба да плати 650.000 фунти

Англискиот репрезентативец, Маркус Рашфорд е казнет со 650.000 фунти поради тоа што го пропушти петочниот тренинг кажувајќи лаги.

Објавено на

часот

Сподели

Рашфорд рекол дека е болен и поради тоа не може да дојде на тренинг, но брзо беше откриено дека тоа не е вистина. Напаѓачот се забавувал до раните утрински часови во ноќен клуб во Белсфаст.

Поради тоа тој беше изоставен од составот за мечот против Њупорт, а сега стигнува информацијата дека ќе нема да добие две неделни плати, односно 650.000 фунти.

Ова не првпат Рашфорд да биде недисциплиниран. Пред три месеци, Ерик Тен Хаг го критикуваше затоа што излегол на забава ноќта пред мечот со Манчестер Сити, а во 2022 година беше суспендира бидејќи доцнел на тимски состанок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ