сабота, 1 февруари 2025

Рашфорд дал зелено светло за шокантен трансфер, преговорите се во полн ек

Маркус Рашфорд дал зелено светло за преселба на Вила Парк, преговорите помеѓу Астон Вила и Манчестер јунајтед се во полн ек и се очекува да падне договор пред крајот на преодниот рок.

Објавено на

часот

Сподели

Откако Астон Вила во петокот го продаде Џон Дуран на Ал Наср, почнаа да кружат гласини дека клубот од Вила Парк ќе тргне по потписот на Маркус Рашфорд.

Унаи Емери лично побарал ангажман на напаѓачот, па биле остварени првични контакти и почнал да се опипува терен за трансфер, односно позајмица до крајот на сезоната.

Како што пренесува МЕН, Маркус Рашфорд дал зелено светло за една ваква зделка, па преговорите помеѓу Астон Вила и Манчестер јунајтед сега се во полн ек.

Огромната плата на Англичанецот од 350.000 фунти неделно е најголемиот предизвик, но двата клуба се оптимисти дека ќе можат да постигнат дил пред крајот на преодниот рок (во понеделник на полноќ).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ