среда, 16 октомври 2024

Рано утринава два воздушни напади врз јужен Бејрут

Два воздушни напади се случија рано утринава во шиитска населба во јужниот дел на Бејрут, само неколку минути откако израелската војска издаде наредба за евакуација на тој сектор, според сликите што ги пренесе новинар на АФПТВ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се наоѓате во близина на инсталации и интереси поврзани со Хезболах, против кои наскоро ќе дејствува израелската војска“, предупреди претходно израелската војска во соопштение.

Официјалната либанска новинска агенција АНИ објави дека станува збор за воздушен напад.

Следуваше уште еден кој исто така го погоди тој кварт, објави новинар на АФПТВ.

Израелската војска редовно го бомбардира Либан како дел од офанзивата насочена кон неутрализирање на проиранското движење Хезболах, кое возвраќа со ракетни напади на израелска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ