Во последните денови германските медиуми силно пишуваат дека Рангник ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен. Актуелниот селектор на Австрија потврди дека има нешто.
„Баерн ме контактираше и јас ја информирав Австриската фудбалска федерација за тоа“, вели Рангник.
„Мојот фокус е на Австрија и на Европското првенство. Доколку Баерн ми кажа дека ме сака, тогаш јас ќе се прашам дали го сакам тоа воопшто“.