четврток, 20 февруари 2025

Рамбл отвори фирма во Скопје – Рамбл клауд

Бизнисменот со македонско потекло – Крис Павловски, кој важи за близок човек на американскиот претседател Доналд Трамп, отвори претставништво на неговата светски позната компанија „Рамбл“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите во Централен регистар, управители на фирмата регистрирана во центарот на градот се Крис Павловски и Брандон Александроф. Името на компанијата е „Рамбл клауд“.

Видео-платформата „Рамбл“ постои од 2013 година, но популарност доби во последниве години, рекламирајќи се како виртуелен простор имун на цензура. На тема Павловски и неговото реноме во новата американска гарнитура, доволно говорат неговите чести средби, но и неформални дружби со семејството Трамп како и Елон Маск. Павловски доби и покана од Белата куќа да ја отвори прес-конференцијата на која тој обелодени дека „Рамбл“ бил жртва на цензура од повеќе странски влади.

Во повеќе наврати премиерот Мицкоски го спомнува канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло, а чести се и заедничките фотографии кои сведочат на соработката на македонската власт со новата американска администрација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ