Ова следува по отпочнување на процесот на ветинг од страна на пратениците од редовите на ДУИ на 13 февруари, што претставува клучен чекор во сеопфатниот процес на реформи и ветинг, велат од партијата.
„Предводена од претседателот на партијата Али Ахмети, оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на ДУИ за поставување на високи стандарди за политичко однесување. Кодексот на добри практики и интегритет, кој е усогласен со меѓународните стандарди на Венецијанската комисија и Парламентарното собрание на Советот на Европа, претставува цврсто ветување од страна на централното претседателство на ДУИ дека посветено поддржува етичко управување.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети истакна: Денес, нашите членови на централното претседателство започнуваат да се подложуваат на процес на ветинг и го потпишуваат Кодексот за добра практика и интегритет, со што го продолжуваат процесот на реформа на ДУИ. Со тоа ја потврдуваме својата силна посветеност на транспарентноста и етичкото лидерство.
Сеопфатната реформска стратегија на ДУИ вклучува не само пратеници, туку и високи партиски функционери и лидери на локалните партиски ограноци. Овој инклузивен пристап е креиран да го зајакне антикорупцискиот став на партијата и да промовира култура на интегритет во сите политички процеси.
Со водење преку личен пример, ДУИ демонстрира цврста посветеност на владеењето на правото и проактивен став против корупцијата. Оваа иницијатива ја одразува определбата на ДУИ да поттикне значајни промени во партијата, но и во пошироката национална рамка на владеење“, соопшти ДУИ.