петок, 18 октомври 2024

Ракетен мотор на јапонската вселенска агенција експлодира за време на тест (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Експлозијата на моторот Епсилон С на полигонот на Јапонската агенција за истражување на вселената (ЈАХА) е најновата во низата дефекти што ги намалија вселенските амбиции на Јапонија.

Официјален претставник за Ројтерс изјави дека експлозијата се случила околу една минута по тестирањето на моторот во втора фаза.

 

 

Телевизиските снимки покажаа дека пламенот избива од страничниот дел на лабораторијата за тестирање пред да ја проголта малата зграда и да го разнесе покривот.

Новата ракета H-3 на ЈАХА доби наредба да се самоуништи на својот дебитантен лет во март, кога нејзиниот мотор од втора фаза не успеа да се запали како што беше планирано. Ова уследи по неуспехот на ракетата со цврсто гориво Епсилон-6 во октомври.

Испејс стартап за лунарен транспорт објави дека неговото возило Хакуто-Р се урна во април во обид да го направи првото меко слетување од некоја приватна компанија на Месечината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ