сабота, 22 февруари 2025

Радовишанец починал додека управувал со возило

На 21.02.2025 во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко возило „сузуки“ со радовишки регистарски ознаки, на С.Ѓ.(70) од село Воиславци, Радовишко, му се слошило и починал, по што со возилото излетало од коловозот и удрило во столб и паркирано патничко возило „форд“.

Објавено на

часот

Сподели

Лекар од Итна медицинска помош Радовиш констатирал смрт кај возачот, која настанала како последица на срцев удар. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ