сабота, 19 октомври 2024

Радиологија е една од проблематичните точки во здравството, признава министерот Меџити

Радиологија е една од најпроблематичните точки во здравството, но работиме на решавање на проблемите, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, при денешната посета на велешката Општа болница одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот демант од Државниот завод за ревизија на неговата изјава за искористеноста на магнетната резонанца.

Објавено на

часот

Сподели

„Вие сте сведоци дека веќе интензивно десет месеци работиме, како со другите проблематики така и со проблемот за радиологија. Јас уште на почетокот кажав дека ќе ја централизираме сета радиологија која ќе биде во Ккиниката за радиологија и нема да има потреба од радиолози во целата држава, туку само техничари коишто ќе го вршат тоа снимање и онлајн нашите колеги радиолози ќе можат да ги прочитаат резултатите. Ние го земавме извештајот од Државниот завод за ревизија и пред две недели државниот ревизор беше кај мене и ние по моја иницијатива потпишавме меморандум. Целта ни е како кабинет и министерство за здравство повеќе да нема пропусти и злоупотреби. Јас кажав и тогаш и сега повторувам овие приблеми ние нема да ги решиме преку ноќ, но макотрпно работиме за да се решат“, потенцира Меџити.

Воедно додаде дека на Универзитетските клиники во комплексот Мајка Тереза дефицит на радиолози и друг кадар има токму во Клиниката за радиологија и дека работат на решавање на проблемот.

„Радиолог не можете да создадете преку ноќ или за еден месец. Тие се специјализации кои траат подолго. Дека има пропусти и злоупотреби има, јас првиот кажав дека здравството  е во тешка состојба, но вие сте сведоци и целата јавност и сите пациенти дека ние ја дисперзиравме целата апаратура низ целата држава“, потенцира Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ