Според зборовите на Румен Радев, наведената амбиција на земјите од Западен Балкан за влез во ЕУ е можност за проширување на просторот врз основа на принципите на демократијата и владеењето на правото и со тоа ќе се зајакне стабилноста на нашиот регион. Во таа насока, Радев изразил надеж дека Македонија ќе го направи тоа.
„Република Северна Македонија да започне со вистинска имплементација на европскиот консензус од 2022 година. Бугарија не наметнува нови барања во однос на европската перспектива на РСМ, но и не прифаќа промени во постигнатите договори, вградени во преговарачката рамка“, рекол бугарскиот претседател на средбата.