„Мојот став во однос на Република Северна Македонија секогаш бил отворен и конзистентен. Како што беше со претседателите Георге Иванов и Стево Пендаровски, така ќе биде и со госпоѓата Силјановска. Како што беше со СДСМ, така ќе биде и со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Радев, јави бугарската агенција БГНЕС.
„Отсекогаш сум ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, но со почитување на принципите на добрососедство и пред се врз Копенхашките критериуми за членство, што би значело промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари, отфрлање. на јазикот на омразата што дивееше во оваа изборна кампања, ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство во оваа земја“, истакна Радев.