При претресот кај Г.Б., била затекната и А.Ѓ., а пронајдени се три рачни бомби, еден рачен ракетен фрлач -зоља, еден пиштол, еден дел од пиштол, четири рамки од автоматска пушка, 164 куршуми различен калибар и шест ловни патрони.
Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив, во консултација со јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.