Во сообраќајната несреќа тешко повреден е 42-годишниот работник И.К од Штип, кој ја косел тревата покрај коловозот на експресниот пат Штип-Кочани. Тој бил удрен од возило марка сеат леон управувано од 43-годишен возач С.М. од Пробиштип, по што со возилото се превртел.
Двајцата се пренесени во Клиничка болница-Штип.
Во тек е увид од страна на јавен обвинител, а експресниот пат што од Штип води кон Кочани е затворен за сообраќај.