Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница, за МИА изјави дека вчера попладне на Хирушкото одделение на болницата бил примен повредениот работник на кого му била укажана лекарска помош, по што бил испратен на Одделот за радиодијагностика. Тој со резултатите бил испратен на хирург кој му укажал медицинска помош.
Поради специфичноста на повредите по два часа со возило со итна медицинска помош на велешката болница бил препратен на понатамошно лекување на Клиниката за трауматологија во Скопје.