Работнички беше подобар во првото полувреме, но иницијативата и шансите кои ги создаде не успеа да ги претвори во гол.
По само седум минути игра во второто полувреме Радески постигна убав гол за водство на Струга од 1-0.
Во 69. минута Влатко Стојановски со волеј изедначи на 1-1, но во следната акција Влајковиќ реализираше и ја врати предноста на Струга, 1-2 беше конечниот резултат.