ТФТ имаше одличен старт на мечот, во текот на вториот период имаа водство и од 14 поени разлика, беше 39-25, но работите почнаа да се менуваат во вториот дел.
ТФТ најчесто водеше и во третата четвртина, но паднаа во последниот период кога Работнички го презеде водството, во финишот имаше и десет поени разлика, на крајот победи со 75-68.
Роберт Рикиќ беше најдобриот во победничкиот состав со 23 поени и девет скока, а одлично одиграа уште и стојан Ѓуроски со 14 и Виктор Ефремовски со 13 поени. Ланстон Верц со 13 поени беше најпрецизен кај ТФТ.
Во утрешното полуфинале Работнички ќе игра против МЗТ Скопје, мечот почнува од 17 часот.