петок, 18 октомври 2024

Путин ѝ се закани на Финска по влезот во НАТО: „Ќе има проблеми“

„Порано немаше проблеми, но сега ќе има“, рече Путин во телевизиско интервју.

Објавено на

часот

Сподели

Русија ќе го зајакне Ленинградскиот воен округ околу Санкт Петербург и таму ќе стационира одредени воени единици.

Очигледно мислејќи на влезот на Финска во НАТО, Путин рече: „Што им требаше тоа?“

Финска одлучи да аплицира за членство во НАТО откако Русија ја почна инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Шведска, исто така, поднесе барање за членство, но сè уште нема добиено едногласна поддршка од сите земји на НАТО бидејќи Турција сè уште не дала зелено светло.

САД неодамна склучија договор со Шведска за користење на шведските воени капацитети.

Сличен договор треба да биде потпишан денеска и со Финска. Американско-финскиот договор ќе му овозможи на Вашингтон воен пристап до 15 фински бази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ