вторник, 24 декември 2024

Путин: Западот води хибридна војна против нас. Ги јакнеме нуклеарните сили (ВИДЕО)

Русија го надградува својот нуклеарен арсенал и ги држи своите стратегиски сили на највисоко ниво на готовност додека Западот води хибридна војна против неа, кажа денес рускиот претседател Владимир Путин на конференција на високи одбранбени функционери. Путин кажа и дека Русија ќе ја продолжи својата „специјална воена операција“ во Украина и дека сите обиди за нанесување стратегиски пораз на Русија пропаднале.

Објавено на

часот

Сподели

Русија денес го повика на разговор финскиот амбасадор за да му приговори за новиот одбранбен договор кој Финска го склучи со Соединетите Американски Држави, кој ќе им овозможи пристап на Американците во областите во близина на границата со Русија, објави руското министерство за надворешни работи.

На амбасадорот му е кажано дека Москва „нема да дозволи да помине без одговор јакнењето на воениот потенцијал на НАТО на руската граница, што се заканува на безбедноста на Руската Федерација, и дека ќе ги преземе потребните мерки за да одговори на агресивните одлуки на Финска и нејзините НАТО сојузници“, кажа портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова.

Договорот на Финска со САД ѝ овозможува брз пристап на американската војска и помош на Финска во случај на конфликт. Според договорот, американската војска ќе има неограничен пристап до 15 објекти во Финска каде ќе може да ги чува своите опрема и муниција, вклучувајќи четири воени аеродроми и воено пристаниште.

Кремљ во петокот соопшти дека договорот е очигледна закана за Русија и дека ќе предизвика тензии во односите со Хелсинки. Данска исто така склучи воен договор со САД кој ќе овозможи американски војници и воена опрема десет години да бидат стационирани на данска територија, кажа денес премиерката Мете Фредериксен.

Сличен договор овој месец САД склучија и со Шведска, а Норвешка во 2001 склучи договор со САД со кој ги регулира американските воени активности на нејзино тло.

„Тоа значи дека американски војници и опрема можат да бидат трајно стационирани на данско тло“, кажа Фредериксен на конференција за медиумите. Договорот ќе биде потпишан неделава а ќе стапи на сила за околу една година, кога ќе се донесат потребните закони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ