Во денешно интервју емитувано на руската државна телевизија Путин изјавил дека Трамп ќе воведе ред во односите на Вашингтон со европската елита која, според него, го преферирала претходникот на Трамп Џо Бајден. „Тоа ќе се случи брзо и наскоро. Сите ќе му бидат покорни на својот господар и среќно ќе мавтаат со опашките“, кажал Путин.
„Трамп има поинакви погледи на тоа што е добро, а што лошо – вклучувајќи ја политиката кон родот и другите теми“, кажал Путин додека седел во автомобил со новинарот Павел Сарубин, познат како омилениот новинар на рускиот претседател.
Путин истакнал дека европската политичка елита секогаш на крајот го прави она што го сака Вашингтон. Ги пофалил поранешните германски канцелари Хелмут Кол и Герхард Шредер, за кои тврди дека знаеле да се заземат за сопствените ставови.