понеделник, 30 декември 2024

Путин: За Русија би било подобро да победи Бајден

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека неговиот американски колега Џо Бајден е „попредвидлив“ за Москва од неговиот ривал Доналд Трамп, но дека Русија е спремна да соработува со победникот на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, кој и да е тој.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето на новинарите кој претседател би бил подобар за Русија, Путин одговори дека тоа би бил Бајден бидејќи е „личност со поголемо искуство. Предвидлив е , тој е политичар од стар ков“.

Рускиот претседател, меѓутоа, одби да даде коментар на расправите кои во американската јавност се водат за возраста на Бајден.

„кога јас го запознав Бајден во Швајцарија, пред три години, веќе се зборуваше за неговата наводна неспособност, но јас такво нешто не забележав“, кажа рускиот лидер.

„Она што треба да се согледа е политичката позиција и позицијата на сегашната (американска) влада која е исклучително штетна и погрешна“, додаде Путин.

„Москва ќе соработува со американскиот лидер на кој американскиот народ ќе му ја даде довербата, кој и да е тоа“, истакна уште еднаш Путин.

Американските претседателски избори се одржуваат на 5 ноември оваа година, а многу е веројатно дека на нив ќе се соочат Бајден и Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ