Путин го критикуваше поранешниот водител на Фокс њуз Карлсон поради, според него, „недостигот од остри прашања“ во интервјуто минатата недела во Москва.
Кремљ соопшти дека Путин се согласил на интервјуто со Карлсон бидејќи неговиот наратив се разликува од едностраното известување за конфликтот на Украина на повеќето западни медиуми.
Путин во разговорот со прорежимскиот новинар Павел Зарубин кажа дека сакал Карлсон да се однесува поагресивно, давајќи му барем прилика да одговори исто толку јасно.
„Искрено кажано, мислев дека ќе се однесува поагресивно и ќе поставува таканаречени остри прашања. Не бев само спремен за ова, туку и го посакував, бидејќи ќе ми дадеше прилика да одговорам на ист начин“, кажа рускиот претседател.
Путин кажа и дека е изненаден од тоа што американскиот новинар не го прекинувал почесто.
„Искрено, не сум целосно задоволен од ова интервју“, заклучи Путин.