среда, 25 декември 2024

Путин: Украина, ЕУ и САД сакаат да преговараат? Може, но Русија ќе ги брани своите интереси

Претседателот Владимир Путин кажа дека Русија е спремна да разговара со Украина, Соединетите Американски Држави и Европската Унија ако тие тоа го сакаат, но дека Москва при тоа ќе ги брани своите национални интереси.

Објавено на

часот

Сподели

Путин во повеќе наврати кажа дека е спремен да разговара за мир, но западните државници сметаат дека ги чека претседателските избори во САД во ноември пред вистински да се потруди околу тоа.

„Во Украина, тие кои се агресивни кон Русија, како и во САД и во Европа – сакаат да преговараат? Може, но ние тоа ќе го направиме врз основа на своите национални интереси“, им кажа Путин на своите воени функционери во Москва.

„Нема да се откажеме од она што е наше“, порача рускиот лидер.

Русија контролира речиси 20 отсто од територијата на Украина.

Русија во 2014 година го анектираше Крим, а четирите украински региони кои делумно ги контролира исто така ги смета за дел од својата територија.

Путин истакна дека САД ја искористуваат Европа за своите интереси и дека Русија не планира војна во Европа.

„Членство на Украина во НАТО не е прифатливо за Русија ни за 10, ни за 20 години“, порача рускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ