Путин сугерираше дека намалување на трошењето за 50 отсто би била „добра идеја“, со што би можело да се направи значаен чекор кон намалување на воениот буџет и негово пренасочување на други приоритети.
За време на истото обраќање Путин ја коментираше војната во Украина, оценувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја подобри „политичката ситуација“, но додаде дека таквиот обид повеќе ѝ користи на Украина отколку на Русија. рускиот претседател истовремено ги осуди актуелните европски лидери, истакнувајќи дека му се лојални на режимот во Киев и дека не можат да мрднат од својата позиција без да го изгубат образот.
Тој особено се осврна на украинскиот претседател Володимир Зеленски кажувајќи дека Русија и САД „сакаат да постигнат мир во Украина колку што е можно побрзо“, но дека Зеленски со своите постапки ја попречува таа цел. Путин истакна дека украинскиот претседател самиот се заглавил во ќорсокак со забраната за преговори со Русија, што според него го отежнува постигнувањето мир.