недела, 22 декември 2024

Путин со претседателот на Иран: „Се формира нов светски поредок“ (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес во Туркменистан, при што двајцата лидери ги поздравија сè посилните врски меѓу своите земји и сличните погледи на настаните во светот, во сојузот кој Вашингтон го гледа со сè поголема загриженост.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во конфликт со Соединетите Американски Држави и Европската Унија поради војната во Украина, што се смета за дел од пошироката егзистенцијална борба против арогантниот и себичен Запад, Путин сака да ги продлабочи врските со глобалниот Исток и глобалниот Југ.

Путин, чија земја е домаќин на самитот на земјите од БРИКС во Казањ од 22 до 24 октомври, ги покани Пезешкијан да дојде во официјална посета на Русија. Иранскиот лидер ја прифатил поканата, пренесува државната новинска агенција РИА. „Економски и културно, нашите комуникации јакнат од ден во ден и стануваат сè посилни“, му кажа Пезешкијан на Путин.

Пезешкијан во септември ја обврза својата земја на подлабоки врски со Русија за да им се спротивстави на западните санкции. Техеран и Москва тврдат дека се блиску до потпишување договор за партнерство, а Пезешкијан денес кажа дека тоа прашање би можело да се финализира на самитот на БРИКС во Русија.

САД загрижено го набљудуваат односот на Москва со Техеран, а Вашингтон го обвини Иран дека ѝ испорачува на Русија балистички проектили за конфликтот во Украина, што Техеран го негира.

Иранскиот претседател претходно изјави дека Израел „треба да престане да убива невини луѓе“ и дека израелските акции на Блискиот Исток ги поддржуваат САД и ЕУ. И Русија го критикува Израел за бомбардирањето цивили.

Кремљ претходно денес соопшти дека Путин, на конференцијата во централноазиската земја, кажа дека се формира нов светски поредок и дека се појавуваат нови центри на глобалниот раст и финансиско и политичкото влијание.

Русија поддржува „најширока можна меѓународна расправа“ за мултиполарниот свет во создавање и е отворена за расправа за тоа на разни форуми, вклучувајќи ги Заедницата на независни држави, Евроазискиот економски сојуз, Шангајската организација за соработка и БРИКС, кажа Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ