сабота, 19 октомври 2024

Путин: Сите руски функционери треба да возат домашни автомобили

Објавено на

часот

Сподели

Според него, од министерствата и администрацијата се бара да не продолжуваат да купуваат автомобили од странско производство, па дури треба и да се фокусираат на тоа.

„И сите функционери во земјата треба да возат домашни автомобили. Нема ништо страшно во тоа што некаде ќе изгледа поскромно, напротив, дури е и добро“, рече Путин, пренесува РИА Новости.

Тој потенцираше дека бирократијата мора да сфати дека е потребно да се залага за развој на домашни брендови, домашни автомобили и други домашни производи.

На почетокот на јули, претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, побара јавните набавки за државните органи и буџетските институции да се фокусираат на домашната автомобилска индустрија.

Истиот став го искажа и заменик претседателот на Единствена Русија, Султан Хамзаев, кој побара државните службеници, пред се пратениците, да почнат да користат руски автомобили.

Министерот за финансии Антон Силуанов рече дека неговиот ресор е подготвен прв да учествува во набавката на домашни автомобили за државни потреби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ