среда, 4 декември 2024

Путин се откажа од „Игрите на пријателство“

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одложување на планираното одржување на „Игрите на пријателство“, големиот повеќеспортски настан кој Меѓународниот олимписки комитет го оцени како чисто политички проект.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија минатата година објави дека планира повторно да организира натпреварувањето кое беше организирано во 1984 како алтернатива на Олимписките игри во Лос Анџелес предводено од Советскиот Сојуз, кои СССР ги бојкотираше како одмазда за американскиот бојкот на Игрите во Москва во 1980 година.

МОК во март оцени дека таа идеја ја крши Олимписката повелба и ги повика земјите да не учествуваат.

Указот на Путин, објавен на официјалниот сајт, ја остави отворена можноста игрите да се приредуваат во некој момент во иднина кога ќе се донесе „специјална одлука на претседателот“.

Русија се гордее со својата историја на успеси на Олимписките игри, но забрането ѝ е да се натпреварува како репрезентација на годинешните Игри во Париз како казна за конфликтот во Украина. мал број руски спортисти добија дозвола да учествуваат како „поединечни неутрални спортисти“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ