Путин беше во северниот град Северодвинск, каде што рече дека руската морнарица се зајакнува со најсовремена опрема и оружје.
„Наскоро Александар Трети и Краснојарск ќе почнат да го надгледуваат Пацификот“, рече Путин.
Според Спутник, во тек е изградбата на уште пет подморници, од типот Јасен М, а во завршна фаза е и крстосувачот Архангелск.
Според официјалните податоци, Краснојарск е повеќенаменска нуклеарна подморница од проектот Јасен-М. Припаѓа на четвртата генерација на подморнички бродови.
Официјално е објавено дека овие подморници се вооружени со крстосувачки ракети оникс и/или калибар.
Се планира нивно вооружување и со хиперсонични ракети циркон.