петок, 18 октомври 2024

Путин: Русија и африканските земји ќе се борат против неоколонијализмот

Објавено на

часот

Сподели

„Потврдена е определеноста на сите наши држави за фомирање праведен и демократски мултиполарен светски поредок“, кажа Путин во завршниот говор, спомнувајќи „заедничка решителност во борбата против неоколонијализмот и незаконските санкции“.

Москва, која е изолирана од Западот по почетокот на воената офанзива во Украина во 2022, вчера и денес го организираше вториот самит Русија-Африка, на кој учествуваа делегации од 49 африкански земји, вклучувајќи 17 претседатели на држави.

По состанокот беше прифатена заедничка изјава во која се предвидува поцврста соработка на полето на снабдување со храна, енергенси и помош во развојот. Во неа се повикува на „воспоставување поправеден, поврамнотежен и одржлив мултиполарен светски поредок, со решително противење на секој облик меѓународен облик на африканскиот континент“, се наведува во текстот објавен на сајтот на Кремљ.

Во текстот покрај тоа се предвидува дека Москва ќе им помогне на африканските земји „да добијат отштета и за хуманитарната штета нанесена од колонијалната политика“ на Западот и „враќање на грабнатите културни добра“. Путин додаде дека во текот на вечерта ќе разговараат и за ситуацијата во Украина со „заинтересираните африкански земји“.

„Претставниците на африканските држави покажаа политичка волја, независност и реален интерес за развој на соработката со нашата земја“, кажа рускиот лидер. Според него, руско-африканскиот самит во иднина ќе се одржува секои три години и ќе се формира „механизам на партнерство и дијалог за безбедносните прашања“, вклучувајќи ги борбата против тероризмот, прехранбена безбедност и климатски промени.

„Исто така разговараме за тоа како системски да преминеме на националните валути, меѓу кои е рубљата, во финансиското регулирање на трговското работење“ меѓу Русија и Африка, додаде тој. Путин вчера вети бесплатна достава на житарки за шест африкански земји во следните месеци.

Русија пред неколку години почна да спроведува политика на приближување на Африка, меѓу другото и преку услугите на приватната безбедносна компанија Вагнер, наметнувајќи се како браник пред западните „империјализам и неоколнијализам“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ