петок, 25 октомври 2024

Путин: Русија е спремна да употреби нуклеарно оружје ако притреба, се надевам дека САД ќе се воздржат

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека земјата е спремна да употреби нуклеарно оружје, доколку постои закана за руската државност, суверенитет или независност, но додаде дека се надева оти Соединетите Американски Држави ќе се воздржат од дејства што би можеле да предизвикаат нуклеарен конфликт, пренесува Асошиејтед прес.

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за руската државна телевизија, објавено рано утринава, Путин го опиша американскиот претседател Џо Бајден како политичар ветеран што целосно ги разбира потенцијалните опасности од ескалација и рече дека не мисли дека светот оди кон нуклеарна војна.

Истовремено, тој посочи дека руските нуклеарни сили се во целосна готовност и дека „од воено-техничка гледна точка се подготвени“.

Рускиот лидер во неколку наврати зборуваше за својата спремност да употреби нуклеарно оружје од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, потсетува АП.

Запрашан во едно интервју дали некогаш размислувал да употреби нуклеарно оружје на бојното поле во Украина, Путин одговори дека нема потреба за тоа.

Тој, исто така, изрази уверување дека Москва ќе ги постигне своите цели во Украина и ја остави отворена вратата за разговори, нагласувајќи дека за секој договор ќе бидат потребни цврсти гаранции од Западот.

Путин рече дека неодамнешниот пораст на бројот на напади со украински беспилотни летала длабоко во Русија е дел од напорите да се попречат тридневните претседателски избори во земјата, кои почнуваат в петок, и на кои тој е речиси сигурен дека ќе победи.

Руските власти утринава известија за нов голем напад од украински беспилотни летала. Едно од беспилотните летала удрило во нафтена рафинерија во регионот Рјазањ и предизвикало пожар, при што најмалку две лица се повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ