четврток, 19 декември 2024

Путин: Москва е спремна да разговара со Зеленски 

Сепак, сите билатерални договори ќе мора да бидат потпишани со легитимните власти на Украина, нагласи рускиот претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Москва е подготвена да почне преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, под услов тој да биде легитимизиран преку нови претседателски избори, рече рускиот претседател Владимир Путин.

Запрашан дали е спремен за компромис, Путин одговори: „Политиката е уметност на компромисот, Русија отсекогаш била подготвена за преговори“.

Тој рече дека бил постигнат договор со Киев во Истанбул во 2022 година, со кој Украина се согласила, но потоа се повлекла затоа што Борис Џонсон – кого Путин го нарече „човекот со добра фризура“ – ѝ забранил на Украина да склучува мир.

Путин рече дека Џонсон тогаш отпатувал во Украина и рекол дека „треба да се борат до последниот Украинец“.

Путин рече дека тоа е она што Киев го прави сега, пред да додаде: „Мислам дека веќе не им остана ниеден“.

Путин ја одржува својата годишна прес-конференција на крајот на годината во Москва, комбинирајќи ја со сесијата за прашања и одговори „Директна линија“.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ова е трет пат двата настани да се спојат, поради „пренатрупаниот распоред“ на Путин.

На настанот доаѓаат новинари од цела Русија, како и странски дописници. Прашањата од граѓаните доаѓаат преку повици, СМС-пораки, социјалните медиуми и наменската веб-страница, а до утрово стигнале над 2 милиони прашања.

За прв пат се користи вештачка интелигенција за да го регулира процесот. Темите на интерес се инфраструктурата, здравствената заштита, домувањето и прашања поврзани со тековните воени дејства на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ