вторник, 22 октомври 2024

Путин и Си разговарале телефонски, го осудиле мешањето на САД во работите на други земји

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор го отфрлиле мешањето на Соединетите Американски Држави во внатрешните работи на други земји, кажа функционерот на Кремљ Јуриј Ушаков. Двајцата лидери кажале дека целта им е создавање „мултиполарен, почесен светски поредок“, пренесе Ушаков, додавајќи дека Путин и Си ќе продолжат да одржуваат блиски лични односи, но дека засега не планираат реципрочни посети.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин и Си разговарале и за состојбата во Украина и решавањето на конфликтот на Блискиот Исток, со потврда за продолжување на билатералните контакти, кажа Ушаков. Го истакна зголемувањето на трговската размена на Русија и Кина која минатата година ја надминала вредноста од 200 милијарди долари. Кажа и дека двете земји ќе продолжат да работат на развојот на заедничките енергетски проекти и покрај западните санкции.

Кина е првиот трговски партнер на Русија. Според кинеските медиуми, Си истакнал дека Русија и Кина мора блиско да соработуваат во заштитата на националната безбедност и решително да се спротивстават на надворешното мешање во внатрешните работи. Кина и Русија редовно го осудуваат мешањето на западните земји во работите на двете земји.

„Двете страни треба да спроведуваат блиска стратегиска соработка за да го заштитат својот национален суверенитет, безбедносните и развојните интереси и мора решително да се спротивстават на мешањето на странските сили во внатрешните работи“, кажал Си.

„Кина е спремна заедно со Русија да работи на зајакнување на мултилатералната, меѓународна соработка, на примена на вистинскиот мултилатерализам и одбраната на праведниот и уреден мултиполарен свет“, кажал Си во телефонскиот разговор со Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ