сабота, 27 јули 2024

Путин и Ердоган официјализираа: Турција се придружува на клубот земји со нуклеарна енергија

Објавено на

часот

Сподели

Алексеј Лихачов, генералниот директор на Државната корпорација за атомска енергија Росатом му се обрати на рускиот лидер од локацијата на нуклеарната централа со барање да му дозволи да го пренесе сертификатот на рускиот министер за енергетика Фатих Донмез.

„Нормално, дозволувам“, кажа Путин. Потоа, Лихачов му го предаде документот на Донмез.

Сите блокови на нуклеарната централа Акују ќе бидат пуштени во работа до 2028 година, кажа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Сите блокови на централата постепено ќе се пуштаат во работа до 2028 година. Оваа електроцентрала ќе обезбеди 10 отсто од потрошувачката на електрична енергија во нашата земја. По пуштањето во работа со полн капацитет, годишно ќе се произведуваат околу 35 милијарди киловат часови електрична енергија“, кажа Ердоган.

Тој порача дека Турција се придружува на клубот земји со нуклеарна енергија, но со задоцнување од 60 години.

„Со испораката на нуклеарното гориво во нашата централа по воздух и море, Акују стекна статус на нуклеарен објект. Европската комисија ја призна нуклеарната енергија како „зелена енергија“. Нашата земја, иако со задоцнување од 60 години, ќе се придружи на клубот светски нуклеарни сили“, кажа Ердоган.

Како што наведе, нуклеарната централа Акују ќе ѝ заштеди на Турција 1,5 милијарди долари годишно на увоз на гас и ќе има позитивно влијание на зголемувањето на националниот доход.

Русија ќе даде сè од себе за да ја покрие побарувачката на Турција за природен гас, порача рускиот претседател Владимир Путин за време на церемонијата на испораката на нуклеарно гориво на нуклеарната централа Акују.

„Русија секако ќе продолжи сигурно да ја снабдува Турција со енергетски ресурси, пред сè со природен гас“, кажа рускиот лидер.

Русија е секогаш спремна да пружи рака на пријателска поддршка на турските партнери, кажа Путин и додаде дека без поддршката од турскиот претседател не е можно да се зборува за успехот на овој проект.

„Да ве потсетам дека корпорацијата Росатом почна со изградбата на нуклеарната централа во турската провинција Мерсин на брегот на Средоземно Море пред точно пет години, во април 2018. Тогаш господинот Ердоган и јас учествуваме на церемонијата и од тогаш имплементацијата на проектот ја држиме постојано по лична контрола. Нормално, без поддршка од претседателот на Турција, тоа немаше да биде возможно“, кажа Путин.

Русија и Турција се договорија да ја продлабочат соработката во економијата и трговијата, да го стимулираат растот на трговијата, а претседателите разговараа и за други актуелни прашања во развојот на целиот спектар на руско-турските односи.

Претседателите на Русија и Турција учествуваа на церемонијата на испораката на горивото на нуклеарната централа Акују преку видео конференција.

Турскиот претседател претходно за време на телефонскиот разговор со рускиот колега Владимир Путин вчера најави можност за работа на нови иницијативи за „договорот за житото“ и предложи формирање работна група.

„За време на преговорите, оценувајќи го развојот на руско-украинската војна и работата во контекст на договорот за житото, претседателот Ердоган најави можност за работа на нови иницијативи во рамки на предложената работна група“, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ