Освен на прашања на граѓаните, Путин ќе одговара и на прашања на новинарите, бидејќи, како и минатата година, „Директната линија“ и „Резултатите на годината“ ќе се одржат во исто време.
Овој настан претставува ретка прилика Русите да му постават прашања директно на својот претседател, а освен Путин ниеден друг светски лидер не нуди таква директна интеракција.
Граѓаните на Русија до сега испратиле 1.771.698 прашања и пораки за „Директната линија“. Граѓаните најмногу ги интересираат растот на платите и пензиите, подобра здравствена заштита како и проблемите на лицата со инвалидитет.
Најпопуларен начин на поставување прашања остануваат повиците – примени се повеќе од 986.000.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за каналот Русија 24 кажа дека за рускиот претседател повратните информации од граѓаните на Русија секогаш биле приоритет.
„Одржувањето на таквите настани за рускиот претседател секогаш е многу важна задача, а претседателот секој пат многу совесно се подготвува“, истакна Песков.
Путин прв пат одговараше на прашања во „Директна линија“ во 2001 година, од кога таа конференција се одржува редовно, а не е одржана во 2004, 2012 и 2022 година.