петок, 25 октомври 2024

Путин: Белгија постои главно благодарение на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин во средата при одговарање на прашања на Светскиот фестивал на младите кажа дека Белгија своето постоење ѝ го должи на Русија. Светскиот фестивал на младите е собир на младите од целиот свет и Русија во близина на Сочи. На Путин прашањето му го постави Белгиец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според рускиот претседател, Белгија благодарение на Русија и позицијата на Русија за прв пат се појавила на мапата на светот како независна држава, пренесува Политико. Но, Путин не прецизираше како.

Кога Белгија кренала револуција против Холандија за независност во 1830 година, Русија планирала да испрати трупи на страна на Холанѓаните против белгиските бунтовници.

Меѓутоа, царот морал да го смени планот за тие трупи, голем дел од нив Полјаци, поради ноемвриското востание во Полска. Откако востанието било задушено, Русија ја прифатила белгиската државност на Лондонската конференција во 1830 година. Британија и Франција се сметале за водечки сили на конференцијата, пишува Политико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ