недела, 22 декември 2024

Пукна брана меѓу Чешка и Полска, се заканува да го поплави третиот најголем чешки град (ВИДЕО)

Ситуацијата во Острава, третиот најголем град во Чешка, денес неочекувано се закомплицира. На устието на реките Одра и Опава пукна брана па водата од двете реки се слева во градот и поплавува сè повеќе улици. Работници со помош на дигалка се обидуваат да постават вреќи со песок за да ја пополнат дупката во браната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Заменик градоначалникот на Острава Алеш Бохач ја опиша ситуацијата како многу сериозна, дури критична.

„Браната пукна и сега работиме на нејзината поправка. Водата тече кон хемиски фабрики и населени квартови. Поголемиот дел од градот е погоден“, наведе тој, додавајќи дека не се очекувало да пукне браната.

„За жал на силата на Одра ѝ се придружи и бран од реката Опава, па браната повеќе не можеше да издржи“, порача Бохач.

Градоначалникот на Острава Јан Дохнал истакна дека решавањето на актуелната ситуација со пукањето на браната е најголем приоритет, бидејќи водата навлегува во индустриски објекти и ги поплавува улиците.

Евакуирани се околу 2.500 луѓе, од кои околу 300 ги користат услугите на евакуацискиот центар во Острава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ