Девојчето синоќа било застрелано во главата и им подлегнало на повредите, додека едногодишно и седумгодишно момче биле застрелани повеќекратно и се во критична состојба, изјави заменик-началникот на чикашката полиција Дон Џером на брифингот со новинарите одржан на местото на пресметката на 52-та улица во јужниот дел на градот, пренесува Асошиејтед прес.
„Полицијата одговорила на пријава за пукање околу 21:00 часот, но кога стигнала на местото на настанот ги затекнала само лицата кои биле застрелани, меѓу кои освен три деца, имаше и возрасни на возраст од 19 до 40 години“, изјави Џером.
Повредените, кои случајно се нашле на местото на крвавата пресметка поради семеен собир, биле пренесени во локалните болници.
Според Џером, истрагата сѐ уште е во прелиминарна фаза, но очевидци изјавија дека пукале две лица.
„Ова не беше случаен чин на насилство, туку се чини дека е поврзан со ривалските банди. Без разлика на мотивите за ова пукање, вечерва беа повредени три невини деца, а едно од нив им подлегна на повредите“, рече Џером.