понеделник, 22 јули 2024

Пукање во Канада: Три лица загинати, две тешко повредени

Објавено на

часот

Сподели

Полициската управа во Винипег соопшти дека пукањето се случило нешто по 4 часот наутро во неделата, западно од центарот на градот.

Полицајците кои пристигнале на местото на настанот пронашле пет жртви со прострелни рани, се наведува во соопштението, пренесува Си-ен-ен.

„Инцидентот се случи во повеќестанбена резиденција. Нема информации за можен мотив“, изјави полицаецот Џејсон Михалишен, портпарол на полицијата во Винипег.

Еден маж и една жена биле прогласени за мртви на местото на настанот, соопшти полицијата. Три жртви биле пренесени во болница, а една од нив подоцна починала од повредите.

Двете жртви, маж и жена, сѐ уште се хоспитализирани во критична состојба, рече Михалишен.

Идентитетот на жртвите не е соопштен, а полицијата соопшти дека истрага за престрелката е во тек.

„Полициската единица за форензички служби во Винипег ќе биде на терен подолг временски период поради сериозноста на овој инцидент“, изјавија официјални лица.

Годишниот статистички извештај на полицијата во Винипег за 2022 година, објавен во мај, покажа дека стапката на насилен криминал во главниот град на Манитоба минатата година достигна највисоко ниво од 2009 година, вклучувајќи рекорден број убиства – 53, според извештајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ