Минатата недела, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта откри дека одбиле 200 милиони евра за услугите на Ламине Јамал.
Потоа се појавија шпекулации кои велеа дека ПСЖ бил клубот кој бил спремен да одвои ваква неверојатна сума за 16 годишното момче.
Сепак, медиумите од Шпанија сега откриваат каков бил одговорот од „Паркот на принцовите“.
„Не сме до толку луди, никогаш нема да понудиме 200 милиони евра на клуб кој е пред банкрот“ – гласи пораката од Париз.