среда, 12 февруари 2025

ПСЖ со една нога веќе е во осминафиналето од ЛШ (ВИДЕО)

ПСЖ со убедливи 3-0 победи на гостински терен кај Брест и веќе може да размислува на осминафиналето во Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Брест беше домаќин во Генгамп, теренот не беше идеален за игра, но тоа не им пречеше на фудбалерите на ПСЖ да покажат дека се друга класа.

Натпреварот беше отворен во 21. минута со гол на Витиња од пенал кој погоди за водство на ПСЖ од 1-0.

Пред самиот крај на првиот дел Усман Дембеле зголеми на 2-0.

Во 66. минута Дембеле постигна уште еден гол за конечна победа од 3-0.

Треба да се случи невидена сензација во реваншот за ПСЖ да не помине во осминафиналето од Лигата на шампионите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ