„Ле Паризиен“ минатата недела објави дека Килијан Мбапе конечно донел одлука за својата иднина, напаѓачот нема да стави потпис на нов договор со ПСЖ и летоска ќе се пресели во Реал Мадрид.
Па веднаш почнаа да кружат гласини кој ќе го наследи Французинот во Париз и беше посочено дека Рафаел Леао од Милан е прва желба.
Но како што денеска пишува „Ле Паризиен“, ПСЖ нема да прави луди работи и нема да инвестира огромна сума на пари во ангажман на голема ѕвезда како Рафаел Леао, Виктор Осимен, Мохамед Салах или пак Ерлинг Халанд.
ПСЖ ќе се фокусира на млад играч од профилот на Брадли Баркола или Канг ин Ли, весникот објаснува дека една опција е „светците“ да го вратат Чави Симонс, кој во моментов игра на позајмица во РБ Лајпциг и прикажува одлични партии во Бундеслигата.