петок, 7 февруари 2025

ПСЖ има многу добри вести, наскоро ќе соопшти четири важни потписи

Медиумите од Франција пренесуваат дека ПСЖ наскоро ќе соопшти нов договор за тренерот Луис Енрике, како и за тројца фудбалери – Нуно Мендеш, Витиња и Ашраф Хакими.

Објавено на

часот

Сподели

„Светците“ обезбедиле четири важни потписи, ова попладнево го објави РМЦ.

Тренерот Луис Енрике прифатил нова соработка и се обврзал кон ПСЖ до 2027 година.

На Паркот на Принцовите продолжуваат и Нуно Мендеш, Витиња и Ашраф Хакими.

Во декември се пишуваше дека преговорите со Нуно Мендеш влегле во ќорсокак, но последните информации велат дека двете страни си подале рака за договор до 2030 со кој левиот бек ќе стане дел од најплатените во Париз.

Витиња и Ашраф Хакими пак ќе добијат нови договори до 2029 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ