Ливерпул и ПСЖ одиграа уште еден одличен натпревар со многу шанси и еден гол. Црвените можеби вечерва беа подобри, но францускиот тим заслужено оди понатаму.
ПСЖ имаше неверојатна доминација во првиот меч, а и денеска создаде многу шанси, па заслужено оди понатаму.
Дембеле во 12. минута го отвори резултатот, погоди за водство на ПСЖ од 1-0.
И покрај тоа што и на двете страни имаше многу шанси, втор гол не беше постигнат во регуларниот тек, па мечот отиде во продолженија.
Во продолженијата ПСЖ беше малку посвеж, но не го искористи тоа, немаше нов погодок и по 120 минути игра, па пеналите решаваа.
Во пенал серијата се истакна Џиџо Донарума кој им одбрани пенали на Нуњез и Џонс, за Ливерпул погоди само Салах.
Кај ПСЖ прецизни беа Витиња, Рамош, Дембеле е Дуе по што големото славје можеше да почне.
Во четвртфиналето ПСЖ најверојатно ќе игра со уште еден англиски тим бидејќи вкрстува со победникот од дуелот меѓу Астон Вила и Клуб Бриж, а тимот на Емери славеше во Белгија со 3-1 и утре во Бирмингем треба само рутински да ја заврши работата.