четврток, 6 февруари 2025

Првите француски борбени авиони „мираж“ ѝ се испорачани на Украина

Франција денес ја потврди првата испорака на борбените авиони мираж 2000-5 на Украина, со што на таа земја значително ќе ѝ биде засилена способноста да го брани воздушниот простор од речиси секојдневните руски напади.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Првиот од авионите денес пристигна во Украина“, кажа францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну на социјалната мрежа Икс.

Тој не наведе повеќе детали, како на пример колку авиони се испорачани.

„Со украински пилоти во авионите по неколку месеци обука во Франција, тие сега ќе помогнат во одбраната на небото над Украина“, додаде Лекорну.

Франција најави дека на почетокот на 2025 година ќе ѝ испорача на Украина борбени авиони мираж 2000, вооружени со ракети воздух-земја и опрема за електронско војување.

Украина долго време бара модерни западни борбени авиони, но засега доби само застарени американски Ф-16. Неколку сојузнички земји во 2023 се согласија да ѝ испратат Ф-16 на Украина со одобрување од Вашингтон, а првата серија пристигна во август 2024. Меѓутоа, се покажа дека американските борбени авиони не се доволно добри и речиси и не се спомнуваат како фактор на боиштето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ