сабота, 27 јули 2024

Првиот хуманоиден робот со вештачка интелигенција наскоро во продажба (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

ИВ е осмислен за суптилно да поместува и ракува со предмети и да комуницира со луѓето. ИВ моментално користи тркала за движење и веќе може да крева и да преместува предмети, да пакува и да отвора кутии, а со соодветна вештачка интелигенција како двоножен хуманоиден робот би можел да ги замени луѓето во одредени форми на физичка работа, чување деца или грижа за изнемоштени или болни. Во суштина, ИВ ќе биде физичка верзија на ЧетГПТ.

„1X е во првите редови на помошничката работа користејќи безбедни, напредни технологии во роботиката. Стартап-фондот ОпенАИ верува во пристапот и влијанието што 1X може да го има врз иднината на работата“, рече Бред Лајткап од ОпенАИ.

1X Технолоџис е основана во 2014 година и моментално има 560 вработени низ светот. По споменатата инвестиција, 1X на својата веб-страница покани експерти за вештачка интелигенција, без разлика на потеклото, да ѝ се придружат во развојот на андроидот.

Покрај роботот ИВ, кој е дизајниран за прецизни моторички вештини и фокусиран на физичка работа со помош на ВР и оператор, норвешката компанија почна и со развој на НЕО, кој како хуманоиден робот максимално ќе ја користи вештачката интелигенција во моментално незамисливи ситуации. Приходите од продажбата на ИВ ќе бидат искористени за развој и подобрување на двоножниот НЕО.

„Овој вид генеративна вештачка интелигенција ќе биде апсолутно трансформативна за двата проблеми што во моментов ги имаме со роботите – дека се прилично глупави и дека не разбираат секогаш што сакаме. Благодарение на големите јазични модели како ГПТ-4, роботите ќе да бидат способни да дејствуваат многу подинамично и да реагираат на промените во опкружувањето. Така тие нема да се зачмаат во некое сценарио, туку ќе размислуваат за чекорите што треба да се преземат за да се постигне целта поставена од корисникот“, изјави за Дејли мејл Џорџ Страхов, експерт за маркетинг и стратегија, кој е убеден дека луѓето во блиска иднина ќе можат да имаат двонасочен и значаен разговор со роботите.

Исто така, реалистичната гласовна синтеза, гримасите на лицето и изразувањето емоции ќе ја направат комуникацијата со роботите многу поприфатлива и попријатна за луѓето, истакнува Страхов.

Мајкрософт инвестираше 10 милијарди долари во ОпенАИ, а имплементацијата на вештачката интелигенција во роботите веќе доведе до тоа на едноставна говорна команда „Најди каде можам да го загреам ручекот“ мобилниот робот во просторијата да ја најде и да ја вклучи микробрановата печка.

„Сакаме да им помогнеме на луѓето полесно да комуницираат со роботите, без да мора да учат сложени програмски јазици или детали за роботските системи. Клучниот предизвик е да го научиме ЧетГПТ да решава проблеми земајќи ги предвид законите на физиката, контекстот на работната средина и како физичките дејства на роботот можат да ја променат состојбата во светот“, објави Мајкрософт.

Оваа инвестиција го отвора ривалството и пазарната конкуренција на ОпенАИ со ботот Тесла на Илон Маск, кој сè уште не е подготвен за производство. Минатата година во Пало Алто Маск го претстави, како што рече, „развојниот робот“, кој чекореше без никаква надворешна поддршка. Маск рече дека очекува роботот да биде во продажба за три до пет години, со што ИВ ќе биде првиот комерцијално достапен хуманоиден андроид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ