среда, 30 октомври 2024
Интересна математика

Првиот човек на Наполи: Кога Интер со 20 бода помалку од нас играше финале, ние требаше да ја освоиме ЛШ

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис смета дека требале да ја освојат Лигата на шампиони минатата сезона, и порача дека жали што му дозволил на Лучано Спалети да си оди.

Објавено на

часот

Сподели

Наполи минатата сезона конечно се израдува на титула во Серија А, и го освои Скудетото по пауза од 33 години. Првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис сега вели дека требале да триумфираат и во Лигата на шампиони.

„Бев разочаран од елиминацијата во Лигата на шампиони, очекував да ја освоиме“ – вели АДЛ.

„Кога Интер со 20 бода помалку од нас играше финале, зошто па ние да не бевме таму? Беше одлично што конечно го освоивме Скудетото, но триумф во Лигата на шампиони…“

Тој потоа проговори за разделбата со Лучано Спалети, погрешил што му дозволил на стратегот да се повлече од клупата на Наполи.

„По трите натпревари со Милан, му испратив мејл на Спалети и го известив дека ја активирам опцијата за уште една додатна година. Многумина велат дека не сум покажал прави манири, но една работа се договори, друга работа е пријателство“.

„Се обвинувам самиот себе, Спалети требаше да остане. Веројатно ќе се судревме во еден момент и ќе завшевме на суд, но мораше цврсто да застанам зад она што го имавме договорено“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ