четврток, 24 октомври 2024

Први реакции на фудбалските гиганти за Суперлигата, се јавија: Јунајтед, Атлетико, Баерн…

Денеска судот во Луксембург донесе одлука со која дозволи формирање на Суперлигата, реакции стигнуваат од сите страни, се јавија и дел од големите клубови.
 

Објавено на

часот

Сподели

Први кои излегоа со соопштение се Манчестер јунајтед, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид, овие клубови велат дека остануваат верни на УЕФА.

„Нашата позиција не е променета. Ние остануваме комплетно верни на партиципацијата во натпреварувањата на УЕФА и ја продолжуваме соработката со УЕФА, Премиерлигата и клубовите кои се членки на Европската асоцијација на клубови за да продолжиме да ја развиваме европската игра“, стои во соопштението на Манчестер јунајтед.

„Европското фудбалско семејство не ја сака Европската Суперлига. Германија, Франција, Англија, Италија, Шпанија (со исклучок на Реал Мадрид и Барселона) итн. не сакаат Суперлига. Ние се залагаме за заштита на Европското фудбалско семејство, за заштита на домашните лиги преку кои се обезбедуваат настапи во Европските натпреварувања преку перформансите на теренот секоја сезона“, велат од Атлетико Мадрид.

„Многу е јасно, вратата за Суперлигата во Баерн Минхен останува затворена. Такво натпреварување би претставувало напад врз важноста на домашните лиги и статистики во Европскиот фудбал“, соопштија од Баерн Минхен.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ